Економија, финансии, бизнис

Контакт

ССМ објави колку изнесувала потрошувачката кошничка во март

ССМ објави колку изнесувала потрошувачката кошничка во март

На четиричлено семејство му требаат најмалку 50.000 денари за да го помине месецот. Трошоците на едно домаќинство во март изнесувале 50.070 денари. Толку „тежи“ синдикалната потрошувачка кошничка што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија. Од таа сума, 19.263 денари биле потребни за храна, а 13.417 денари за подмирување на режиските месечни трошоци. За превоз минимум биле потребни 3.679 денари, а за хигиени потребни се 3.186 денари.

За споредба, 50.799 денари биле потребни во јануари за едно семејство од четири члена за минимални месечни трошоци, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Две минимални плати не можат да ги покријат трошоците за живот. 

foto freepik.com/creativeart

Слично

Поврзани вести