Економија, финансии, бизнис

Контакт

ССМ нема да протестира за 1-ви Мај

ССМ нема да протестира за 1-ви Мај
Лидерот на Сојузот на синдикати на Македонија Живко Митревски најави дека ССМ нема да учествува во првомајски протести, туку најави дека Меѓународниот ден на трудот ќе го одбележи со средба на плоштадот Македонија. На средбата тој ги повика сите оние кои мислат дека треба да дадат поддршка во кампањата за остварување и зацврстување на сигурни работни места и обезбедување на безбедни места за работа.Побара и зајакнување на улогата на синдикатот во работните организации. „Ингеренциите да ги има и претстедателот на синдикалната организација, почнувајќи од неговото присуство при донесување на плановите, изјавите, евиденциите, извештаите и она што е најбитно обезбедување контрола од синдикатот при спроведување на мерки за безбедност и здравје при работа“, рече Митревски. Кампањата ќе се реализира и преку иницијатива за измени на закон за безбедност и здравје при работа. Според првиот синдикалец, безбедноста и здравјето на работа на работниците и сигурноста на работните места, претставуваат основа за обезбедување нанивна сигурност, за живот и за егзистенцијата на нивните семејства.
Слично

Поврзани вести