Економија, финансии, бизнис

Контакт

ССМ: МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЌЕ ИЗНСУВА 20 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, усогласувањето ќе се врши по Законот

ССМ: МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЌЕ ИЗНСУВА 20 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, усогласувањето ќе се врши по Законот

Денеска Сојузот на синдикатите на Македонија на својот Фејсбук профил потсети дека преку работничка борба и притисок, преку протести и социјален дијалог, минималната плата од 15.196,00 денари порасна на 18.000,00 денари, а беше договорен и нов законски модел на пресметка на истата во корист на работниците.
- Усогласување на минималната плата според Законот за минимална плата од оваа година се врши од 50 отсто од порастот на просечната плата која според нашите пресметки од јануари до ноември е зголемена за 10,3 проценти, па 50 отсто од порастот на просечната плата изнесува 5,15 проценти, како и 50 отсто на пораст на трошоци на живот кои спред последна објавена информација од НБРМ до минатиот месец изнесува 14,3 проценти или 50 отсто од порастот на трошоците за живот изнесуваат 7,15 проценти. ( податоците се преземени од Државниот завод за статистика и НБРМ)

Според пресметките, трошоците за живот и порастот на просечната плата согласно последните податоци изнесуваат вкупно 24,6 отсто, а според Законот за минимална плата во новата пресметка се земаат 50 проценти од тоа или 12,3 отсто, па доколку во моментот би се зголемувала минималната плата според пресметките на ССМ значи дека: - во бруто плата: 26 422,00 денари + 3 250,00 денари (29 672,00) денари ќе изнесува минималната плата од март наредната година или во нето плата: -18.000,00 денари + 2.107,00 денари, минималната плата ќе изнесува (20.107,00) денари - пишува ССМ во својот пост.

Истовремено, ССМ истакнува дека заедно со УПОЗ преку последните измени Законот за административни службеници обезбедиле основната компонента на плата да биде составена и од минималната плата, а со тоа околу 13.000 работници кои примаат плата според овој закон веднаш ќе добијат линеарно услгласување на нивните плати за износот за кој ќе се зголеми минималната плата односно за 2.107,00 денари, а истото ќе се случи и за околу 40.000 други вработени во јавен сектор чии работодавачи го користат моделот од овој закон за пресметка на платите на вработените.

Голем дел од синдикатите здружени во ССМ преку веќе потпишаните спогодби и Колективни договори на ниво на работодавач, а некои преку закон, ова право на усогласување на платите го обезбедија и за нивните членови во јавните претпријатија, локалната самоуправа, министерства итн.

- Синдикатите од приватниот сектор веќе разговараат со работодавачите каде што има синдикат и истите веќе од почеток на наредната година најавуваат зголемување на платите и пред зголемувањето на минималната плата за да ги задржат добрите и квалификувани работници во нивните компании.

Синдикалната борба ги дава посакуваните резултати колку тоа и да не им се допаѓа на функционерите и газдите - истакнувааат синдикалците.



Слично

Поврзани вести