Економија, финансии, бизнис

Контакт

ССМ И ГЛАСЕН ТЕКСТИЛЕЦ НЕ ДОЗВОЛУВААТ РАБОТНИЦИТЕ ДА РАБОТАТ 60 ЧАСА НЕДЕЛНО - оспорена одредба од Законот за „Бехтел и Енка“, утре е на потег Уставен суд

ССМ И ГЛАСЕН ТЕКСТИЛЕЦ НЕ ДОЗВОЛУВААТ РАБОТНИЦИТЕ ДА РАБОТАТ 60 ЧАСА НЕДЕЛНО - оспорена одредба од Законот за „Бехтел и Енка“, утре е на потег Уставен суд

Сојузот на синдикати на Македонија, заедно со нивниот Синдикат за градежништво, како и Здружението Гласен текстилец, повторно оспоруваат дел од законот со кој Бехтел и Енка се прогласува за стратешки партнер за изградба на дел од Коридор 8, и тоа конкртетно одредбата со која стратешкиот партнер ќе може да ги тера работниците што ќе бидат ангажирани на изградбата, да работат дури и до 60 часа во текот на неделата. 

Како што информираат од Уставен суд, на нивната утрешна седница ќе разгледуваат четири иницијативи, од кои една се однесува токму на овој закон.

„Оспорен е член 12 од Законот за утврдување стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.163/2021).

Подносители се Сојуз на синдикатите на Македонија - ССМ, претставуван од претседателот Дарко Димовски и Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање претставуван од претседателот Иван Пешевски, и Здружение за заштита на работничките права ‚Гласен Текстилец' Штип, претставувано од претседателот на здужението Кристина Ампева.

Според наводите на подносителите на иницијативата од ССМ и СГИПРМ, оспорениот член 12 од Законот е во спротивност со членот 8, 9, 32, 34 и 35 од Уставот и член 4, член 116 и 117 од Законот за работните односи; член 36 став 2 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, како и со член 2 од Законот за ратификација на Конвенцијата за трудови клаузули (јавни договори) 1949. 

Подносителот наведува дека во оспорениот член се предвидува дека стратешкиот парнер имал целосно право да го организира и распоредува работното време на работниците кои ќе биле ангажирани на проектот со можност работното време за секој поединечен работник во просек да трае 60 часа неделно во текот на годината. Според наводите во иницијативата на Здружението за заштита на работничките права Гласен Текстилец, оспорената одредба од член 12 од Законот не е во согласност со членот 32 од Уставот, со членот 116 од Законот за работните односи, Конвенцијата бр.14 за неделен одмор (во индустријата) 1921, ратификувана 17.11.1991 год. и Конвенцијата за неделен одмор (трговија и канцеларии 1957), (бр.106). Подносителот наведува дека одредбата се коси со уставните и законските норми што го уредуваат правото на неделен одмор на работниците. Според подносителот, оспорената одредба е правно неиздржана, во делот: ‚во просек 60 часа неделно во текот на годината'. Во иницијативата се наведува дека овој дел предизвикува правна несигурност и е во спротивност на уставните и законските норми коишто го регулираат работното време на работниците и правото на неделен одмор“, се вели во соопштението од Уставен суд.

Слично

Поврзани вести