Економија, финансии, бизнис

Контакт

ССМ ги поддржа вработените во ОХИС

ССМ ги поддржа вработените во ОХИС

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ)  денеска соопшти дека ги поддржува барањата на вработените во ОХИС. Заклучокот за поддршката е донесен на седница на Советот на ССМ.

- Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија на денешната седма седница заклучи дека ССМ дава безрезервна поддршка на барањата на вработените во ОХИС. ССМ отсекогаш настапува солидарно со барањата на работниците и активно се вклучува во изнаоѓање поволни решенија, соопшти ССМ.

Прашањето за можните решенија за вработените во ОХИС и во останатите загубари, според Советот на ССМ, ќе биде поставено на наредната седница на Економско – социјалниот совет.

Слично

Поврзани вести