Економија, финансии, бизнис

Контакт

ССМ донесе одлука: На 22 јуни протест ако до 21-ви нема одговор

ССМ донесе одлука: На 22 јуни протест ако до 21-ви нема одговор

Сојузот на синдикати на Македонија од 22 јуни ќе стапи во генерален штрајк, кој претседателот Дарко Димовски сепак го именува како протест, доколу Владата до 21 јуни не го прифати барањето за линеарно зголемување на сите плати во јавниот сектор за 2.906 денари што ќе важи од 1 јули и исплата на К-16 од следната година.

- Протестот значи прекин на работниот процес на работните места. На 22 јуни ќе ги повикаме сите членови и незадоволни работници да ги прекинат работните процеси и да направиме еден протест, рече Димовски.

Во протестот кој го најави тој ќе бидат вклучени  војската, полицијата, здравството, образованието, комуналните претпријатија, управата, администрацијата, општините.

- Не се работи за пари. Без јавниот сектор не може ништо да функционира, истакна Димовски.

Тој дополни дека вчера имало разговор со вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, но дека не бил постигнат договор.

Слично

Поврзани вести