ССМ: Цените растат, минималната плата мора да се зголеми
„Поради се поевидентното зголемувањето на цените, очигледно е дека ни треба зголемување на платите со кој ние како работници без да се грижиме за нашата егзистенција ќе можеме да си ги овозможиме најмалку трошоците во висина на една синдикална потрошувачка кошница.
Затоа, ако само просечната плата расте, а минималната плата стагнира односно минимално се усогласува без да бидат прифатени забелешките на синдикатите, ќе имаме тренд на осиромашување на граганите“, гласи соопштението на ССМ.
Според синдикатот, студиите покажале дека покачувањето на минималната плата од 2017 година, немало никакви негативни ефекти врз фирмите, а ја зголемило нивната профитабилност, и дека во наредниот период слободно може да се оди со натамошни покачувања на минималната плата.ОД сојузот велат дека во услови кога Синдикалната минимална кошница за август 2021 година изнесува 34.342,00 денари, постои реална потреба од зголемување на минималната плата. Доколку минималната плата дојде до висина од најмалку 18.000 денари, тогаш две минимални плати би биле доволни да ја покријат синдиканата минимална кошница што би значело подобрување на животниот стандард на македонскиот работник на кој очигледно му е потреба плата за живот.
„Сојузот на синдикатите на Македонија оправдано во изминатиот период укажува и бара минималната плата да изнесува најмалку во висина од 60% од просечната плата, а во таа насока е и изјавата на Претседателот на Владата и иницијативата до крајот на 2021 година да се зголеми минималната плата на 18.000,00 ден. и со такво зголемување на минималната плата, истата ќе изнесува околу 63% од просечната плата со што би се остватриле заложбите на синдикатот и барањата на работниците.
