Економија, финансии, бизнис

Контакт

ССМ БАРА ДРЖАВАТА ДА ГИ СУБВЕНЦИОНИРА ПРИДОНЕСИТЕ: Минималецот да биде 500 евра

ССМ БАРА ДРЖАВАТА ДА ГИ СУБВЕНЦИОНИРА ПРИДОНЕСИТЕ:  Минималецот да биде 500 евра

Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) бара минимална плата од 500 евра, а придонесите да ги субвенционира државата. 

Следниот месец минималецот треба да се зголеми на 24.500  денари. Од ССМ пак предлагаат да биде 30.500 денари, а за разликата од 6.000 денари, работодавачите да бидат ослободени од придонеси,  односно да бидат субвенционирани 12 месеци. Овој предлог деновиве ќе го испратат и до Владата и до Собранието. Премиерот Христијан  Мицкоски пак чека да види дали двете страни ќе постигнат договор. Вели дека тоа е работа на работодавачите и работниците. Македонија има најниска минимална плата во регионот. Повеќето веќе имаат минималец над 500 евра. 

foto freepik.com/marinissimus

Слично

Поврзани вести