ССК ја шири мрежата на соработка со коморите од целиот свет
Меморандум за соработка со коморите на Јордан и Уганда потпиша претседателот на ССК, Златко Калеников, што е продолжение на праксата на Сојузот на стопански комори за продлабочување на соработката со Светските комори како со Португалија, Украина, Велика Британија, Индија, Турција и многу други.
Осмиот Светски коморски конгрес во Доха, Катар заврши. Македонската делегација продолжува во Дубаи, каде ќе се остварат повеќе средби со компании од Обединетите Арапски Емирати, но и со бизнис заедницата од овој крај. Бизнис делегацијата на Сојуз на стопански комори составена од 25 компании членки на ССК, ќе оствари средба и со Стопанската Комора во Дубаи, се со цел да се продлабочи економската соработка и со оваа земја.
Сојузот на стопански комори заедно со Агенцијата за странски инвестиции и Дирекција за технолошко индустриски развојни зони беа Рубин спонзори на Светскиот коморски конгрес. Сето тоа придонесе Македонската делегација и нашата земја успешно да се претстават, да учествуваат во панел дискусиите организирани за време на саемот на разни теми од стопанството, а во насока на подобрување на деловното опкружување. Претседателот на Сојуз на стопански комори Златко Калеников и Вернета Вокер, потпретседателот на консалтинг, обука и оценување на „BoardSource“ – USA, зборуваа на тема: „Како до одржлив успех при менаџирањето на Стопанските комори“ на која присуствуваа претседатели на Стопанските комори присутни на конгресот и делегати.
Бизнис интересот за нашата земја се зголемува, особено во делот на прехрамбената и кондиторската индустрија. Се вршат преговори за можна соработка и со компании од Оман, Кувајт и Саудиска Арабија. Македонската делегација имаше преговори и со Катар Холдинг кој веќе пројавил интерес за докапитализација на Елем, Хасад Фуд за преработка на зеленчук, а Катар Ди Ер за изградба на хотелски објекти. Интерес за инвестиција во Македонија покажаа и нафтените компании.
На саемот учествуваа 1.500 делегати, од 105 земји од светот.

Слично