Економија, финансии, бизнис

Контакт

Срушена „престолнината на марихуана“ во Лазарет

Срушена „престолнината на марихуана“ во Лазарет

Албанската полиција вчера ја презеде контролата над Лазарет, кој го имаше епитетот „прсетолнина на марихуаната“ и каде досега владееше безредие.

Како што соопштува денеска полицијата, претресени се 130 куќи и други објекти во Лазарет, и запленети и уништени 23,4 тони марихуана и 81.300 садници на таа билка, како и четири лабаратории за производство на дрога.

Полицијата исто така запленила и голема количина на оружје, меѓу кое биле и рачни гранати, автоматски пушки и една снајперска пушка.

Уапсени се 15 припадници на локалната банда.

Околу 800 полицајци се испратени оваа недела во Лазарет, 230 километри јужно од главниот град Тирана, во склоп на националната акција против дрогата.

Тешко наоружани припадници на локалната банда одговорија со тешко оружје, гранати и минофрлачи.

Во судирите се повредени еден полицаец и тројца селани.
Слично

Поврзани вести