Економија, финансии, бизнис

Контакт

Српското Собрание конституирано, но не избра претседател

Српското Собрание конституирано, но не избра претседател

Пратениците од новиот состав нa Народното собрание во Србија, на својата вчерашна конститутивна седница не успеаја да изберат свој претседател, јави ТАСС. Седницата беше прекината синоќа поради разгорените страсти за време на дебатата околу изборот на Маја Гојковиќ за претседател на Парламентот. Таа е членка на владејачката Српска напредна партија (СНС) на премиерот Александар Вучиќ, а беше претстедател на Собранието и во претходниот парламентарен состав. Реизборот на Гојковиќ беше сметан за формален чин, бидејќи коалицијата „Србија победува“ предводена од СНС има апсолутно мнозинство од 131 пратеник во 250-членото Собрание. Најстариот пратеник Драгољуб Миќуновиќ од опозициската Демократска партија (ДС), ја прекина седницата и нејзиното продолжение го закажа за в понеделник.

Слично

Поврзани вести