Економија, финансии, бизнис

Контакт

Српското Министерство за правда го повлече решението за екстрадиција на Даравелски

Српското Министерство за правда го повлече решението за екстрадиција на Даравелски
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска објасни дека екстрадицијата на поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски се прави врз основа на барање од страна од Интерпол преку Министерството за правда во Србија. „Вчера бевме известени дека барањето е прифатено, има решение и Даравелски ќе биде екстрадиран. Подоцна дојде информацијата дека српското Министерство за правда го повлекло решението за екстрадиција“-вели Спасовски. Апсењето вчера на ексдиректорот на македонската царина по кого кумановскиот суд имаше распишано меѓународна потерница се случило околу два часот по полноќ.  
Слично

Поврзани вести