Економија, финансии, бизнис

Контакт

Српското електростопанство ќе им ги враќа парите на измамените потрошувачи!

Српското електростопанство ќе им ги враќа парите на измамените потрошувачи!
Секој потрошувач во Србија кој се сомнева дека добил неисправна декемвриска сметка за струја, може да ја рекламира и да ја провери до крајот на јануари. Ако се докаже дека неговите сомнежи биле оправдани и дека платил повеќе отколку што потрошил, парите ќе му бидат вратени веднаш или ќе му бидат одбиени од следната сметка, најави новиот директор на „Електростопанство Србија - Снабдување“ Жељко Марковиќ. Тој им препорача на граѓаните прво да си ја проверат состојбата на броилото и да ја споредат со износот на декемвриската сметка, а акоцифрите не се совпаѓаат да се обратат во електродистрибуцијата. Марковиќ очекува во јануарските сметки да нема грешки. „Од 3,5 милиони потрошувачи, имавме само 30.000 рекламации, што е малку повеќе од вообичаено. Немаше намерно зголемување на сметките, туку дојде до грешка во читањето на броилата“, рекол тој. Директорот на „Електростопанство Србија - Снабдување“ беше сменет заради многубројните поплаки на декемвриските сметки, а од новиот, министерката за енергетика Зорана Михајловиќ побарала подобра соработка и грешките веќе да не се повторуваат. .  
Слично

Поврзани вести