Економија, финансии, бизнис

Контакт

Српско село во кое доаѓаат гости од целиот свет

Српско село во кое доаѓаат гости од целиот свет

Луѓето од различни краеви на светот преноќиле во селото Шљивовица на тромеѓе меѓу Тара, Златибор и Мокра гора. 

Повеќе од една деценија луѓето во ова село се занимаваат со селски туризам. 

Бранко Шукиловиќ од селото вели дека биле во недоумица дали да почнат со овој бизнис или не. Тие се чесни луѓе и сакале такви гости да им доаѓаат. Раскажува дека во текот на своето работење стекнале многу нови пријатели, а заработиле и пари. 

„Оваа куќа е од 2000 година и немавме дури ни бања. Ни дојде гост од Нови Сад, му се виде интересно и доаѓаше и во наредните 10 години“ - вели тој. 

Овој човек додава дека се занимава и со друга работа, затоа што само од туризам не може да се живее, треба да се вложи и некои работи да се подобрат. 

За гостите подготвуваат домашна храна. 

Домаќинот вели дека 2008 година била рекордна и тогаш имале над 500 ноќевања, а се работело во 4 смени. 



Слично

Поврзани вести