Српските железници во огромни загуби заради снегот
„Железници Србија“ од снежното невреме што последните неколку дена ја зафати земјата, ќе претрпат штети од најмалку 25 милиони динари или околу 215 илјади евра.
Најголема е штетата во товарниот сообраќај. Заради товарните возови што не сообраќаат во изминатите пет дена, Железницата изгубила 180 илјади евра. Остатокот е штета предизвикана во патничкиот сообраќај - непродадени билети, трошоци за сместување и автобуски превоз на патниците.
Дополнително ќе треба да се пресметаат и индиректните штети, кои опфаќаат трошоци за чистење на пругите, ангажирање на механизација, зголемена потрошувачка на гориво, со што штетите можат и повеќекратно да се зголемат.
И натаму е во прекин сообраќајот на пругата Панчево-Вршац, каде што огромни снежни наноси потполно завеаја две локомотиви. Железничарите на таа делница работат деноноќно за да ја оспособат пругата.
Слично
