Економија, финансии, бизнис

Контакт

Српските туристи во Хрватска дневно трошат по 100 евра

Српските туристи во Хрватска дневно трошат по 100 евра

Во однос на истиот период лани има за 12% повеќе посети или за 20% повеќе ноќевања. 

Иако односите меѓу Хрватска и Србија се затегнати, сепак тоа не влијае на туристичките резултати, пишува Novilist.hr. 

Според eVisitor во првите седум месеци има  97.487 посети, или 599.035 ноќевања од Србија. 

69,5% одат на капења, 51% посетиле слаткарници и кафулиња, 45% биле во ресторани, 38,7% разгледувале знаменитости, 37,1% биле на локални забави. 

За угостителите српските гости за добра храна и вино не прашуваат колку чини. 

95,03  евра е сумата која дневно ја трошат во Хрватска. 

Се наведува дека повеќе трошат од Германците, а одат на Брач и Хвар најчесто. 

фото Novilist

Слично

Поврзани вести