СРПСКИТЕ РУСОФИЛИ НАУЧИЈА МОЌНА ЛЕКЦИЈА ПО ГЕОГРАФИЈА: Frankfurter Allgemeine-„Вучиќ ќе ја избере ЕУ пред Русија“
Доколку треба да
избере, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе ја избере ЕУ пред Русија,
пишува германскиот печат. Недоаѓањето на Сергеј Лавров беше моќна лекција по
географија, која покажува каде е Србија.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров не можеше да го посети Белград во понеделникот (6-ти јуни), откако српските соседи му забранија прелетување на неговиот авион. Весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ) пишува дека вака пропаднала средбата на претседателот на Србија и „човекот кој со години ги разубавува војните на Путин на меѓународните сцени“.
„Но, не може да се занемари дека Вучиќ веќе некое време се обидува претпазливо да се оттргне од Путин. Еден показател за тоа се повремените критички прилози и изјави во империјата на телевизиите, порталите и печатот, со кои раководат блиски на Вучиќ и кои секогаш известуваат во негова корист“, додава весникот, истакнувајќи дека во медиумите дури било објавено дека „Лавров сам се поканил на гости“.
„Ваквите нијанси покажуваат дека српскиот претседател не е првенствено идеолог, туку прагматичен моќник. Тој нема ништо против да објави братство со Русија, кога тоа му користи политички дома, но не сака да влезе во крвно братство со Русија среде војната што на крајот може да ја уништи српската економија“, вели авторот на написот Мајкл Мартенс.
Во текстот се додава дека во Белград кружи чаршиска приказна дека германскиот канцелар Олаф Шолц би можел да ја откаже посетата на Србија доколку Лавров дојде порано, а дека дури и Вучиќ на таа тема зборувал за ТВ Пинк.
Овој благ пресврт покажува дека во сегашните услови, политиката на Вучиќ на замавнување меѓу Истокот и Западот тешко се одржува“, се вели во текстот. „Може да се случи на Кремљ да не му се допаднат идните одлуки на Србија.
Во написот се потсетува дека Вучиќ пред неколку години цитираше изјава која му се припишува на американскиот писател Амброуз Бирс: „Војната е начин Бог да ги научи луѓето географија“.
„И српските русофили деновиве научија лекција по географија“, пишува Frankfurter Allgemeine. „Србија можеби се граничи со Русија во нивните фантазии, но на картата е поинаку. Вучиќ ја знаеше оваа едноставна вистина и порано, а сега со неа се управува максимално.
