Економија, финансии, бизнис

Контакт

Српските новинари на Косово почнаа штрајк со глад

Српските новинари на Косово почнаа штрајк со глад

Новинари на Косово почнаа штрајк со глад. 

Членовите на Самостојниот синдикат на Јавното претпријатие „Мрежа Мост – ТВ Мост“ во Косовска Митровица и на „РТВ Грачаница“ утринава започнаа штрајк со глад поради ниските плати и бараат и тие да добијат таканаречен косовски додаток, објави Здружението на новинари на Србија (ЗНС). Нето платата на повеќето работници е меѓу 40.000 и 45.000 динари и не е зголемена во последните години и покрај инфлацијата.

„Нашите новинари имаат право на косовски додаток исто како и професорите, лекарите и другите работници кои го добиваат. Ние само сакаме да си ја работиме работата, да останеме да живееме на Косово и Метохија со нашите семејства, но и да ги имаме истите права и услови како и работниците во другите фирми“, стои во соопштението.

Претседателот на синдикатот Дејан Јевтиќ изјавил дека 22 вработени штрајкуваат барајќи зголемување на платата и косовски додаток, јави Бета. Односите меѓу Србија и Косово се тензични во последно време. 

Слично

Поврзани вести