Економија, финансии, бизнис

Контакт

Српските медиуми пишуваат дека во северно Косово се присутни специјалци вооружени до заби

Српските медиуми пишуваат дека во северно Косово се присутни специјалци вооружени до заби

Специјалните единици на косовската полиција стигнаа на Јариње. Ова влева страв кај локалното српско население. 

Три џипови „Хамер“ и уште неколку возила со припадници на специјалните единици  пристигнаа пред неколку моменти на новиот пункт на половина километар од административниот премин Јариње меѓу Косово и Србија, пишуваат српските медиуми.

Постигнат е договор за лични документи меѓу Белград и Приштина, но тензиите сѐ уште се присутни. Еден соговорник за „Новости“ изјавил дека мирот мора да се зачува, но дека не ѝ верува на Приштина.

„Ако Приштина немаше некаков план, немаше да донесат овде орди на специјални сили вооружени до заби“, вели Србин од една од косовските северните општини.

Очевидци велат дека пред куќите на цивилите има оклопни возила на специјалната полиција на Косово. Наводно, зголемено е и присуството на КФОР, а меѓународните воени единици дежураат на два километри од новата база на специјалните полициски сили кон Лепосавиќ.

фото: Принтскрин/Јутјуб

Слично

Поврзани вести