Српските компании ќе ги освојуваат пазарите во Југоисточна Азија
Висока владина делегација од Србија денеска беше во посета на Југоисточна Азија, со цел да ја развие економската соработка на земјите од овој регион. Како што изјави српскиот министер за надворешни работи Иван Мркиќ, еден од главните приоритети е обебзедување работа на компаниите од Србија на пазарите во Југоисточна Азија.
„Се обидуваме да обезбедиме договори за производство на вагони, за соработка во енергетскиот и воено-инустрискиот сектор и за развој на инфраструктурата“, нагласи Мркиќ во главниот град на Мјанмар, Нејпјидо, кој е прва етапа од посетата низ Југоисточна Азија.
Слично
