Српските граѓани се помалку се задолжуваат
Задолженоста на граѓаните на Србија по основ на банкарски услуги и лизинг договори на крајот на февруари изнесуваше 791 евро по глава на жител, соопшти генералниот секретар на Здружението на банки на Србија, Верољуб Дугалиќ.
Дугалиќ истакна дека тоа претставува намалување на задолженоста за осум евра во споредба со крајот на минатата година и додаде дека од вкупниот долг, 710 евра се однесуваат на задолженоста по основ на кредитите, 30 евра на тековни сметки, 46 евра на кредитни картички и пет евра на лизинг договори.
Според него, задолженоста на граѓаните на Србија веќе неколку години стагнира на ниво од околу 800 евра и неспоредливо е пониска во споредба и со земјите во опкружувањето. Задолженоста на граѓаните на Хрватска по глава на жител е над 4.000 евра, во Словенија околу 5.000 евра, просекот на ЕУ е 12.000 до 13.000 евра, а екстремен износ има Кипар каде долговите достигнуваат 31.000 евра по жител.
Слично
