Економија, финансии, бизнис

Контакт

Српските банки ќе ги враќаат парите од зголемените камати

Српските банки ќе ги враќаат парите од зголемените камати
Банките во Србија ќе мора да им ги вратат сите парични средства на граѓаните, што во последните пет години им биле неосновано земани од зголемување на каматите. По препорака на Народната банка на Србија, банкарите ќе мора да пресметаат колку повеќе пари им земале на клиентите, зголемувајќи ги каматите на кредитите, со објаснување дека тоа е во “согласност со политиката на банката“. Износот што ќе треба да биде вратен, ќе се пресмета во ратите од кредитот. Овој чекор доаѓа по многуте тужби што граѓаните ги покренале против банките кои ги зголемувале каматите без прецизно објаснување, се наведува во препораката на НБС. Банките во Србија по избивањето на светската финансиска криза ги зголемиле каматните стапки на сите кредити, а за тоа не ги известиле своите клиенти, пишува српски Новости.
Слично

Поврзани вести