Економија, финансии, бизнис

Контакт

Српскиот воз тргнува: Белград наскоро со датум за преговори со ЕУ

Српскиот воз тргнува: Белград наскоро со датум за преговори со ЕУ
Министрите од земјите членки на Европската унија ќе предложат во понеделник на Европскиот совет во јуни да и додели датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, дознава српската агенција Танјуг, од бриселски дипломатски извори. Во понеделник министрите од земјите членки на Европската унија, како што јавува Танјуг ќе му предложат на Европскиот совет во јуни на србија да и се даде датум за почеток на преговори со ЕУ. „Таа препорака нема да биде безусловна, бидејќи двете страни треба да докажат дека имаат намера во добра верба да почнат да го договорот“, изјавил за Танјуг висок дипломат кој сакал да остане анонимен, Тој објаснил дека до јуни има време шефовите на владите и државите во ЕУ, кои на почетокот на јуни ќе се состанат во Брисел, потврдат дека Белград и Приштина почнале да го применуваат договорот. „Ако не се појават непредвидени проблеми со примената на договорот, нема да има нови услови“, изјавил истиот извор. Тој не ја исклучи можноста на состанокот на Министерскиот совет во понеделник одделни држави членки да изнесат некои критики за Србија во врска со работите кои не се поврзани со Косово, туку со внатрешните реформи, но сепак е изразено цврсто уверување дека таквите забелешки нема да бидат усвоени како повод за условување.
Слично

Поврзани вести