Економија, финансии, бизнис

Контакт

Српскиот туризам ќе расте до 1.4 милијарди со гости од Кина и Иран

Српскиот туризам ќе расте до 1.4 милијарди со гости од Кина и Иран

Српските власти очекуваат рекордна 2018 година со приливи од над 1,4 милијарди евра од туризмот благодарение на зголемениот број на гости кои треба да пристигнат од Кина и Иран.

Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ откри дека во првите 10 месеци Србија има девизен прилив од туризмот од околу 970 милиони евра, па ако се следи тој тренд зацртаниот развој е сосема изводилив.

Тој рече дека планираните 1,4 милијарди евра девизен прилив за оваа година може да бидат лесно остварена цел имајќи го во предвид безвизниот режим со Кина и авиолинијата Пекинг-Белград преку Прага што може да биде причина за посета на многу кинески туристи на српскиот главен град и други атрактивни места за гости од странство.

Љајиќ додаде дека за растот ќе придонесе и тоа што во јануари ќе се воспостави директна линија Техеран-Белград. А од февруари приватна компанија од Иран почнува со нова авио линија на таа релација.

- Цел за 2018 година се околу 3,4 милиони туристи и од тоа бројот на странски туристи да биде поголем од 1,6 милиони - нагласи српскиот министер. 


Слично

Поврзани вести