Српскиот суд осуди Хрват на ефективен затвор за шпионажа
Судот во српската престолнина Белград го осуди на три години затвор Хрватот Чедо Чоловиќ под обвинение за шпионажа во корист на Хрватска.
Како што пренесуваат српски медиуми Чоловиќ признал дека шпионирал за Хрватска, но официјално Загреб го негира.
57-годишниот Чоловиќ кој има хрватски и српски пасош, беше фатен минатата недела.
Според медиумски информации, тој и давал на Хрватска информации кои помагале за покренување на обвиненија за воени злосторства против српски офицери.
Хрватскиот претседател, Колинда Грабар Китаровиќ ги отфрли обвинувањата дека Чоловиќ работел официјално на задача, дадена од хрватската влада.
Слично
