Српскиот премиер жестоко удри по директорите: „Ќе работите за Владата, а не за мафијашите!“
Српскиот премиер Александар Вучиќ на последната седница жестоко ги критикувал директорите на јавните претпријатија, пишуваат српските медиуми денеска.
Наводно, тој побарал од нив „да престанат да ги полнат џебовите на мафијашите и да започнат да го полнат државниот буџет. Повикувајќи се на неколку анонимни владини извори, српски Курир пишува дека Вучиќ посебно бил остар и имал забелешки кон Александар Обрадовиќ, довчерашниот директор на Електростопанство - Србија.
„Знам дека ти е најлесно да увезуваш струја, наместо да се потрудиш до тоа да не дојде“, му рекол Вучиќ.
На седницата, на која се расправало за заштедите на државата и јавните претпријатија за тековната и идната година, присуствувале околу 30 директори, а тие добиле критики од премиерот дека премногу се потпираат на државата. Наводно, Вучиќ инсистирал тие да дадат поголем придонес и да остваруваат подобри резултати.
Слично
