Економија, финансии, бизнис

Контакт

Српскиот премиер со клучна посета на Русија

Српскиот премиер со клучна посета на Русија

Посетата следната недела на српска делегација на чело со премиерот Александар Вучиќ „несомнено не е вообичаена, и не е една од многуте посети“, изјави за новинарите во Белград рускиот амбасадор Александр Чепурин.

Според него посетата „по четири причини не е вообичаена дури покрај традиционалните пријателски односи помеѓу нашите народи“.

„Прво, треба да се вратат часовниците, да се обликуваат позициите, да се оправдаат сопствените интереси, да се видат можностите за проширување на соработката. Оттука е и нивната посетата и планираните средби на највисоко ниво“, истакнал Чепурин.

„Второ, продолжи дипломатот, акцентот на посетата ќе биде ставен на економските прашања. Во составот на српската делегација се вклучени голем број министри од економскиот сектор. Директно ќе се дискутираат прашања кои можат да бидат од корист за двете страни. Клучна важност ќе има бизнис Форумот пред пладне на 27 октомври“, изјавил амбасадорот.

„Трето, предвидено е за време на посетата и потпишувањето на голем број руско-српски документи како со глобален, така и со приложен карактер. Четврто, земјите ќе разговараат за клучни меѓународни проблеми, кои директно влијаат на интересите на Србија, така и на Русија“, изјавил амбасадорот Александар Чепур

Слично

Поврзани вести