Српскиот премиер Александар Вучиќ прогласи предвремени избори
Српскиот премиер и лидер на владејачката Српска напредна партија „СНС“ Александар Вучиќ прогласи предвремени парламентарни избори, за да се реши јавниот конфликт, кој ги блокира реформите, пренесе „Танјуг“, цитирана од агенциите.
На седницата на Главниот комитет на „СНС“, Вучиќ побарал поддршка од сопартијците за одлуката со образложение дека на неговата влада и е потребен целосен мандат за „да ги доврши до 2020 година започнатите реформи кои ја изведоа Србија на добар и сигурен пат“.
Неговиот коментар беше дочекан со долг аплауз. Изборите најверојатно ќе се одржат заедно со претстојните локални на 24 април, прогнозираат медиумите.
Откако „СНС“ ја презеде власта во Србија, земјата е во состојба на хибернација и јавен конфликт кој има огромен отпор токму затоа се обиде да го пробие блокот, составен од олигарсите, политичари и криминалци, кои немаат интерес Србија да напредува и нешто во земјата да се менува, изјавил Вучиќ.
Го започнавме конфликт со нив и со оние помеѓу нас, за кои власта е само начин за лично збогатување, додал премиерот.
„СНС“ победи на последните парламентарни избори во март 2014 година и се уште ужива голема јавна поддршка и покрај кратењата на платите во јавниот сектор и на пензиите, во обид да се стабилизираат финансиите на земјата.
