Српскиот премиер: Албанските екстремисти сакаа да ни ја згазат честа
Ова беше организирана акција со цел да ја наруши стабилноста во Србија и целиот регион. Намерата на албанските екстремисти беше Србија да се покаже како земја нетрпелива кон различностите и да се понижат сите нејзини граѓани.
Ова денеска ексклузивно за „Новости“ го изјави премиерот на Србија Александар Вучиќ, коменентирајќи ги албанските екстремисти како што самиот ги нарече на стадионот Партизан, во текот на и после натпреварот Србија-Албанија.
Сакаа да ја погазат нашата чест, но го сочувавме образот и бандата на лажните албански претставници кои беа во свечената ложа покажаа јасна разлика помеѓу нив и нас. Државата ќе ги превземе сите со закон предвидени мерки да се казнат сите починители за кои ќе се утврди дека направиле кривични дела.
Српскиот премиер вели дека уште чека јасен став од Брисел за невидениот инцидент кој е политички инспириран.
-Чекам реакција на Европската унија чии претставници овде три часа пред натпреварот ги известив дека Албанците подготвуваат провокации и тежок инцидент - огорчено констатираше Вучиќ.
