Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРПСКИОТ ПОРТАЛ ДАНАС СЕ ИЗВИНИ ЗА ТЕКСТОТ ЗА КСЕНИЈА ВУЧИЌ - Брнабиќ вели дека тоа се злонамерни коментари од луѓе на кои им пречи претседателот и модерна Србија

СРПСКИОТ ПОРТАЛ ДАНАС СЕ ИЗВИНИ ЗА ТЕКСТОТ ЗА КСЕНИЈА ВУЧИЌ - Брнабиќ вели дека тоа се злонамерни коментари од луѓе на кои им пречи претседателот и модерна Србија

Српскиот портал Данас се извини за текстот објавен за Ксенија Вучиќ, позната српска новинарка и поранешна сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Во саботата вечерта, по веста за смртта на новинарката Ксенија Вучиќ, на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук, редакцијата на порталот Данас потсети на текстот од 2020 година „Ксенија Вучиќ: Незаслужената прва дама на Србија“.

Станува збор за напис кој потоа беше објавен во рамките на нашата редовна рубрика „Личност на денот“.

Текстот повторно го „споделивме“ на социјалните мрежи само како потсетување на биографијата на Ксенија Вучиќ, а не од лоша намера.

Но, набргу по негативните реакции во коментарите на социјалните мрежи, сфативме дека овој потег е погрешно разбран, па бидејќи тоа не ни беше намерата, ја отстранивме објавата од Твитер и Фејсбук.

Потенцираме дека работата на нашата редакција не е под влијание на ниту една политичка партија, ниту тоа е направено за политички цели, како што наведуваат некои актери од јавниот живот, туку тоа било само непромисленост и грешка на дежурните уредници, што било веднаш коригирано.

Факт е дека споменатиот текст, кој предизвика внимание во јавноста, не избриша одредени делови кои сигурно не беа соодветни за објавување во тоа време, поради што редакцијата на Данас жали, особено жали што многумина ова го сфатија и оценија како злонамерно. Згрозени сме и што поединци ја користат оваа ситуација за политичка пресметка со медиумите.

Им се извинуваме на сите што повторното споделување на овој текст од 2020 година на социјалните мрежи го сфатија како непочитување кон починатиот.

Редакцијата на Данас изразува сочувство до семејството на Ксенија Вучиќ и се извинуваме доколку сме ги повредиле нивните чувства“, стои во објавата на порталот данас.

А српската премиерка Ана Брнабиќ, наместо на претходно најавеното присуство на претседателот Александар Вучиќ, денеска присуствуваше на отворањето на делот од патот Прељина-Паковраќа и по тој повод даде свое видување за текстот за смртта на новинарката Ксенија Вучиќ во Данас.

„Видов злонамерни, ужасни коментари во некои медиуми, како Србин инфо, но и Данас. Од луѓе како социологот, тој Дарио Хајриќ или Срѓан Ного... Уште еднаш стана кристално јасно дека во сето ова меѓу тој несреќниот Дарио Хајриќ кога тајкунските медиуми го промовираат како елита и Срѓан Ного веќе нема разлика, ниту меѓу Данас и Србин инфо“, изјави премиерката Брнабиќ, а пренесува Пинк.

Таа додаде дека ќе направат се што е во нивна моќ да му наштетат на Александар Вучиќ.

„Но, тоа не е ни лично против Александар Вучиќ, туку е против Александар Вучиќ кој што ја менува и ја зајакнува Србија, поради што Србија станува помодерна. Затоа им е крив Вучиќ, бидејќи Србија е посилна, помодерна. Затоа се виновни Данило, Милица и Вукан. Колку што се исти по омразата, толку се различни нивните причини. Срѓан Ного и Србин инфо во некоја ксенофобија, а од друга страна причините на Даријо Хариќ и Данас се дека во таа Србија што ја создава Вучиќ, силна, модерна, сите имаат исти шанси - и од Белград и некој од Крушевац“, објасни таа.

Слично

Поврзани вести