Српскиот парламент ќе го измени законот за Народната банка на Србија
Вонредна седница денеска ќе одржи српскиот парламент за да повлече делови од законот за Централната банка, што беа критикувани од Европската унија и ММФ како ограничувачки за независноста на монетарната институција, соопшти БТА.
Законот за Централната банка беше првиот важен закон на новата владеачка коалиција во август.
Законот беше остро искритукуван од ЕУ и ММФ бидејќи со него се ограничи независноста на монетарната власт, која беше ставени под политичка контрола.
Гувернерот на Централната банка Јоргованка Табаковиќ изјави дека законот се променува со цел да се прилагоди на правилата на ЕУ, соопшти радио Б-92.
Слично
