Српскиот министер за одбрана: Вучиќ да биде построг кон Северна Македонија
Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, изјави дека Србија и претседателот Александар Вучиќ треба да го променат својот став кон Црна Гора и Македонија откако двете земји со својот глас го поддржаа влезот на Косово во Интерпол, иако на крај тоа се покажа како неуспешно бидејќи немаше потребно двотретинско мнозинство.
"Апелирам до претседателот Вучиќ да го промени ставот кон Црна Гора и Северна Македонија и да им покаже дека пријателството со Србија треба да се заслужи" гласи соопштението испратено од Вулин.
Тој рече дека "Црна Гора и Македонија на собранието на Интерпол нарко-картелите од Косово во полициската организација, иако со тоа биле свесни дека ја навредуваат Србија“.
"Ако немаат храброст да гласаат против, тие би можеле да се воздржат и да покажат дека се грижат за српските чувства", коментира министерот за одбрана.
"Црна Гора и Северна Македонија не гласаа за Косово, туку против Србија. Нивните гласови не ја сменија одлуката на Собранието на Интерпол, но Србија и претседателот Вучиќ треба да го променат односот кон нив. Србија во нив нема пријателии искрени соговорници" , додава Вулин.
