Економија, финансии, бизнис

Контакт

Српскиот министер за финансии мораше да помине контрола за ебола!

Српскиот министер за финансии мораше да помине контрола за ебола!
Српскиот министер за финансии Душан Вујовиќ на аеродромот во Белград мораше да ја помине здравствено-санитарната контрола воведена заради превенција од опаснјот вирус ебола. Тој вчера допатувал од САД преку Лондон и со два пасоши в раце - дипломатски и цивилен стрпливо одговарал на прашањата на здравствените работници. „Добар ден! Од каде доаѓате? Дали стигнувате директно од Лондон или тоа ви беше само транзитна станица? Дали сте патувале во некоја од афричките земји во скоро време“, ги прашува здравствено-санитарниот инспектор сите патници на белградскиот аеродром , па и министерот за финансии. Притоа, проверува и дали патникот ги има симптомите кои можат да укажуваат на ебола (висока телесна температура, треска, слабост, главоболка). Го проверува и пасошот барајќи печати за евентуална посета на африкански земји. Оваа процедура досега ја поминале 96 патници од ризични земји, од кои 10 се задржани под здравствен надзор. Србија ги воведе засилените мерки за контрола на аеродромот во Белград особено откако прв сомнителен случај за оваа болест се појави во Македонија.
Слично

Поврзани вести