Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Српскиот мерцедес” за еден месец на патиштата – Белград привлечен за инвестирање

„Српскиот мерцедес” за еден месец на патиштата – Белград привлечен за инвестирање
Потпретседателот на српската Влада, Александар Вучиќ најави дека за помалку од еден месец на улиците во Србија ќе се појави првиот „српски мерцедес”. -          Слушнав дека некои говореа дека Мерцедес никогаш нема да дојде во Србија. Бош веќе ја отвори својата фабрика во нашата земја, а за помалку од еден месец првиот српски мерцедес ќе се појави на улиците, рекол Вучиќ, пренсеуваат српските медиуми. Вучиќ порачал дека е од исклучителна важност, Србија да стане атрактивна дестинација за странските инвеститори и дека доаѓањето на странските компании е важно бидејки го обезбедуваат пазарот и гарантираат дека ќе имаат одреден број на вработени, а исто времено носта и познавања за менаџирање и за процесот на производство. Во исто време, според потпретседателот на српската Влада, од исклучителна важност е и развојот на приватниот сектор. -          Важно е да ги научиме луѓето да размислуваат за приватен бизнис и државата што помалку да се прашува. Мора да ја промениме филозофијата според која е важно само да се пронајде работа во локална самоуправа, каде платата е мала, но капе, а и не мора да се вложува многу труд, рекол тој. -          Пред се доаѓањето на странските инвеститори е важно, за да се промени свеста и односот кон капиталот, работата и профитот, вели Вучиќ. Според, Вучиќ во изминатите година и половина Србија успеала да направи огромен напредок посебно во европските интеграции што ја менува сликата за земјата. Како важен фактор за привлекувањето на странските инвеститори се посочуваат и мерките за запирање на ланецот со манипулациии и измами, грабежи и корупција. Главна задача, на властите во идниот преиод, според најавите на Вуќиќ ќе биде развојот на земјоделството и економијата. До крајот на јуни се очекува Србија да ги донесе законите за работни односи, проватизација, планирање и изградба како и за стечај и за јавната администрација. Еден од најголемите проблеми на Србија според мислењето на Вучиќ е јавниот долг на земјата, односно високиот фискален дефицит, на чие намалување се работи преку заштеди во јавниот сектор. К.К.
Слично

Поврзани вести