Српскиот кандидат за ОН во афера со милиони
Поранешниот министер за надворешни работи на Србија и актуелен кандидат за функцијата генерален секретар на ОН, Вук Јеремиќ e вмешан во афера со десетици милиони евра.
Тој учествувал во распределбата на средствата од црната каса во Демократската партија во времето на Борис Тадиќ.
„Јеремиќ бил последниот човек кој имал увид во движењата во црната каса“ - пишува српскиот печат.
Парите се собирале во 2010 година со лична заверка на Јеремиќ и Тадиќ, а со нив требало да се помогне на десната рака на американскиот претседател Барак Обама, Рам Емануел кој тогаш беше во трка за функцијата градоначалник на Чикаго. Тадиќ и Јеремиќ сметале на тој начин да добијат американска поддршка за нивната партија и тие да останат на власт и по изборите од 2012 година. Многу брзо потоа Јеремиќ ја напушти партијата и формира невладина организација, за која не кажа од каде има средствата за нејзината активност, велат новинари од Србија кои истражуваа на оваа тема.
