Српскиот и грчкиот министер се договорија: На плажа може и со руска и кинеска вакцина, за деца до 10 години не е потребен тест
Со потврда дека сте вакцинирани со каква било вакцина, можете да влезете во Грција, беше договорено денеска на состанокот на министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис и Татјана Матиќ, министерката за трговија и туризам на Срвија.
По средбата помеѓу Татјана Матиќ и министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис, беше објавено дека граѓаните на Србија ќе можат да одат во Грција кон средината на април, односно дека тогаш се очекува да се отворат границите.
Грчкиот министер на прес-конференција рече дека неговата земја ќе ги прифати сите вакцини, вклучувајќи ги кинеските и руските, иако се уште не се прифатени на ниво на ЕУ.
Кога станува збор за децата, Теохарис рече дека на децата до 10 години не им треба вакцина или тест за ПЦР, а на оние постари од 10 години ќе им е потребен негативен тест.
Исто така, граѓаните на Србија ќе можат да влезат во Грција преку Македонија и Бугарија.
