Српскиот динар ослабна за 0,2 отсто
Српскиот динар денеска падна на најниска вредност во однос на еврото од почетокот на годинава, јави Танјуг.
Наспроти интервенцијата на Народната банка на Србија (НБС), која на девизниот пазар вчера продаде 20 милиони евра, српската национална валута ослабна за 0,2 отсто, па така, според официјалниот курс, денеска едно евро ќе се менува за 115,0174 динари.
Со цел да спречи прекумерна дневна осцилација на курсот на динарот, НБС од почеток на годината на меѓубанкарскиот девизен пазар продаде 365 милиони евра, а купи 90 милиони.
Слично
