Економија, финансии, бизнис

Контакт

Српскиот амбасадор во Португалија падна од карпа и почина

Српскиот амбасадор во Португалија падна од карпа и почина

Српскиот амбасадор во Португалија, Оливер Антиќ денеска загина во несреќен случај откако паднал од карпа во градот Кашкаишу во близина на Лисабон. 

Портпарол на противпожарната бригада не ги коментираше околностите на несреќата, само наведе дека службите за брза помош пристигнале на местото на инцидентот околу 13.30 часот и го пронашле 72-годишниот Антиќ жив, но тешко повреден. Лекарите се обиделе да го спасат, но не успеале.  Антиќ е роден во Белград, студирал право и почнал да работи како универзитетски професор во 1975 година.

Слично

Поврзани вести