Српски весник: Збогум, другар Путин!
Најтиражниот весник во Србија на првата страница објавува водечка вест, за која тврди дека владата на премиерот Александар Вучиќ официјално му го врти грбот на рускиот претседател Владимир Путин.
Статијата е насловена - „Збогум, другар Путин!“ и е илустрирана со слика на Вучиќ и рускиот претседател. Според изданието „Србија направила пресврт во енергетската политика и се обратила кон САД во овој сектор“. На овој начин, властите во Белград за прв пат се одлучиле повеќе да не бидат зависни во енергетски однос од Русија, пишува уште весникот и прецизира дека „Александар Вучиќ го прифатил повикот на САД да се приклучи на гасоводот доаѓал од Азербејџан“.
Белградскиот весник објави и краток коментар на „руски официјални лица кои тврдат дека Србија нема алтернатива и во иднина ќе купува руски гас“.
Во денешниот број на весникот е објавено и истражување во кое се тврди дека 65 отсто од граѓаните на земјата ја определуваат Русија како најдобар партнер на Србија.

