Економија, финансии, бизнис

Контакт

Српски тајкун фрли око на Меркатор

Српски тајкун фрли око на Меркатор

Меркатор може да добие нов сопственик доколку на тоа се сложат акционерите како и доверителите. Голем интерес има кај српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ, кој инвестира во Словенија, па можеби тој ќе биде новиот сопственик на ланецот супермаркети „Меркатор С“.

„Меркатор“ е дел од хрватскиот гигант „Агрокор“, која се соочува со банкрот и истрага за измама.

Според Танјуг, Костиќ имал средби со австриски и италијански банки и ги откупил нивните побарувања кон „Меркатор“ вредни 28 милиони евра, а паралелно преговара со банки со цел да обезбеди уште 14 милиони евра за откуп на дополнителни долгови што „Меркатор“ ги има кон банки и други побарувачи.

Во Србија, „Меркатор“ е сопственик на големиот ланец супермаркети „Рода“.


Слично

Поврзани вести