Економија, финансии, бизнис

Контакт

Српски сеизмолог: Oва е само еден сегмент од долготрајната подготовка за голем земјотрес во Романија

Српски сеизмолог: Oва е само еден сегмент од долготрајната подготовка за голем земјотрес во Романија

Српскиот сеизмолог Славица Радовановиќ вели дека земјотресот во Романија бил плиток и не бил силен. Смета дека овој потрес не е главен. 

„Според моето искуство, не само што не би рекла дека е главен, ова е само еден сегмент од долготрајната подготовка за голем земјотрес во Романија“, изјави денеска Радовановиќ. 

Во Романија имаше земјотрес од 5.2 степени, а потоа уште еден потрес од 3 степени.  Земјотресот е со епицентар на 73 километри североисточно од градот Дробета-Турну Северин на југозападот на земјата. Се стресе и Србија. 

Се појави и снимка која покажува како луѓето во Романија го земаат детето и ја напуштаат куќата. 

Слично

Поврзани вести