Српски професор излезе со предвидување кога ќе заврши третиот бран на коронавирусот
Крајoт на третиот бран ќе биде на четврти јануари, вели професорот Петар Кочовиќ.
Тој со месеци го следи ширењето на коронавирусот во Србија, но и низ целиот свет.
Најновите предвидувања се за Европа. Крајот на третиот бран, се предвидува за почетокот на јануари 2021 година.
„Бројот на заразени лица во Европа не опаѓа, тој варира на 280.000-300.000 неделно. Околу 43% од новите случаи во светот се во Европа. „Цела Африка има помалку од 5.000 случаи, Кина има околу дваесетина нови случаи на ден во последните три месеци, а Кина е Европа и пол според бројот на жители“, вели Кочовиќ.
Бројките во Србија продолжуваат да растат, односно бројот на новоинфицирани на 100.000 жители расте во последните две седмици.
Тој претстави табела со пресметка, според која датумот на крајот на пандемијата е „од 21 август до 4 јануари 2021 година“.
Слично
