Српски НБА кошаркар уапсен на „Богородица“ заради украден автомобил!
Поранешниот српски репрезентативец и НБА кошаркар Дејан Котуровиќ бил уапсен на граничниот премин „Богородица“, на македонско-грчката граница, на 13-ти овој месец.
Полицијата утврдила дека во Македонија влегол од Грција со украден автомобил со бугарски регистерски таблички.
Автомобилот Хонда CRV имал преправен број на шасијата, а полицијата при проверка преку Интерпол открила дека тој е пријавен како украден.
Котуровиќ добил притвор и веднаш бил сместен во затворот во Гевгелија. Во НБА тој играше за тимовите на Бостон Селтикс и Феникс Санс.
Слично
