Економија, финансии, бизнис

Контакт

Српски министер: За јужен тек е потребен договор на Русија и ЕУ

Српски министер: За јужен тек е потребен договор на Русија и ЕУ

Министерот за рударство и енергетика на Србија Александар Антиќ изјави дека не треба да се отпишува гасоводот Јужен ток и дека очекува договор на Европската Унија и Русија кој ќе овозможи негова изградба, пишуваат српски медиуми.

„Oд Србија најмалку зависи иднината на Јужен тек и имајќи ги предвид односите со Русија и иднината на Србија во ЕУ, апелираме да се продолжат разговорите и да се пронајде решение за овој проект“, изјави српскиот министер.

Тој укажа дека Јужен ток е значаен за Србија бидејќи станува збор за голема инвестиција и сериозен развоен тек кој овозможува Србија и цела Југоисточна Европа мирно да ги следат бурните геостратешки случаи во другите земји.

„Србија овој проект не го гледа како српско-руски, туку како европски, бидејќи од осум земји учеснички, шест се членки на ЕУ“, истакна Антиќ и додаде дека „големите играчи“ ќе го решат прашањето Јужен тек, а Србија ќе биде дел од тоа решение.

Слично

Поврзани вести