Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРПСКИ МИНИСТЕР СЕ ПОФАЛИ: Се зголемила просечната плата

СРПСКИ МИНИСТЕР СЕ ПОФАЛИ: Се зголемила просечната плата

Просечната плата во Србија во ноември 2024 година изнесувала повеќе од 860 евра. 

Српскиот вицепремиер и министер за финансии Синиша Мали денеска изјави дека просечната плата за ноември изнесувала 100.738 динари (861 евро) и првпат надмина 100.000 динари. Мали вели дека Републичкиот завод за статистика оваа информација ќе ја соопшти утре. Тој за Пинк кажа дека нивната цел е просечната плата да изнесува 1.000 евра. 

Тој потсети дека од 1 јануари платите во јавниот сектор се зголемени за осум отсто, а од 1 јануари минималната плата е зголемена за 13,7 отсто.

Во Европа ако се споредат минималните плати, Македонија е на дното, а Србија е со минималец од 544 евра. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести