Економија, финансии, бизнис

Контакт

Српски министер доживеа мозочен удар додека гостуваше на телевизија

Српски министер доживеа мозочен удар додека гостуваше на телевизија

Српскиот министер Дарко Глишиќ денеска среде емисија доживеа мозочен удар. 

Министерот за здравство Златибор Лончар изјави дека операцијата на министерот Дарко Глишиќ е завршена, тој е на респиратор и дека неговата состојба по мозочниот удар се следи „чекор по чекор“.

„Причината е отстранета, но ќе видиме како ќе реагира неговото тело“, рече Лончар, наведувајќи дека нема да дава прогноза.

Операцијата траела подолго отколку што обично траат ваквите операции, тоа била исклучително комплицирана интервенција, комплексна, работеле неколку тимови бидејќи не станувало збор само за еден крвен сад, туку за два крвни садови и комбинација од тромб и крварење.

Тој изјави дека станува збор за крвен сад кој носи крв до мозокот, до центарот за говор и движење на едната страна од телото – и рацете и нозете на него.

Тој додаде дека има проширен крвен сад во кој имало и тромбна маса, и дека тоа е решено.

„Претстои период во кој неговото тело мора да се справи со промените што ги доживеа… Добро е што тој беше во болница по 15, 20 минути и влезе во процедурата за интервенцијата што беше направена еден до два часа, што е идеално време за добар резултат. Но, не сакаме ништо да кажеме однапред, одиме чекор по чекор“, рече Лончар.

Како што изјави – тој е интубиран и е на респиратор, на кој ќе остане барем до утре наутро.

Претходно денеска, на министерот и претседател на Извршниот одбор на СНС Дарко Глишиќ му се слоши за време на гостувањето во емисија на ТВ Пинк и е пренесен во Ургентниот центар во тешка состојба.

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести