Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРПСКИ МЕДИУМИ: За Македонија Бујановац е во Косово

СРПСКИ МЕДИУМИ: За Македонија Бујановац е во Косово

Српскиот граѓанин Горан Стевановиќ од селото Жбевац кај Бујановац, Србија, е збунет по она што му се случило во македонскиот главен град. 

Тој тврди дека од матичарите во Скопје добил официјален документ за смртта на татко му кој е од Бујановац во „Република Косово“, пишува Новости.рс. 

„Откако уплатив 300 денари, ми рекоа љубезно да се вратам за половина час, а така и направив. Кога го зедов документот, имав што да видам. Бев збунет и бесен“, вели Стевановиќ. 

Во Македонија дошол по извод од матичната книга на умрените за својот татко Душан, кој по несреќата кај Бујановац 1984 година бил префрлен на лекување во Скопје, каде бил најблискиот клинички центар во кој неколку дена по несреќата, починал.

Стевановиќ вели дека кога се вратил во матично да укаже на грешката, му рекле дека во нашиот систем „така е заведено“ и дека не може ништо да се преправи.

Сега е загрижен дали неговиот документ ќе биде валиден во Србија.

фото Курир.рс

Слично

Поврзани вести