Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРПСКИ МЕДИУМИ: ВУЧИЌ ГО ИСПОЛНИ ВЕТЕНОТО, РАМА НЕ: Кога станува збор за вакцините и животот на луѓето, се знае на кој може да му се верува, а на кого не

СРПСКИ МЕДИУМИ: ВУЧИЌ ГО ИСПОЛНИ ВЕТЕНОТО, РАМА НЕ: Кога станува збор за вакцините и животот на луѓето, се знае на кој може да му се верува, а на кого не

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го исполни ветувањето и неодамна предаде 4.680 дози вакцини од компанијата Фајзер на Северна Македонија, а останатите ветени дози ќе бидат доставени во наредните денови. За разлика од него, ветувањето на албанскиот премиер Еди Рама дека дел од вакцините ќе му бидат дадени на Косовот сè уште не е реализирано, пишуваат денеска српските медиуми.

На прес-конференција пред неколку недели, кога пристигна првата количина вакцини од Фајзер во Албанија, Рама рече дека дел од тие вакцини ќе му бидат дадени на Косово.

Подоцна рече дека тоа не е можно поради строгите правила на фармацевтската компанија „Фајзер“, но тој потенцираше дека група од 50 лекари од ковид-болница во Приштина може да се вакцинираат во Албанија.

Сепак, и тоа не е реализирано до денес, иако вакцинацијата во Албанија се одвива секој ден.

Директорот на Универзитетската клиничка болничка служба на Космет, Валбон Красниќи, во интервју за ЕО рече дека надлежните институции прават сè за што побрзо вакцината да се пренесе во јужната српска провинција.

- Министерството за здравство и Националниот институт за јавно здравје се во постојан контакт со производителите на вакцини и очекуваме вакцината да пристигне во Космет што е можно поскоро. Прво, вакцинирани ќе бидат здравствените работници и старите лица со хронични заболувања - рече Красниќи.

Foto: Profimedia


Слично

Поврзани вести