Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРПСКИ ЛЕКАР: СЛЕДНИТЕ 10 ДО 15 ДЕНА МОРА ДА ВАКЦИНИРАМЕ ДО 25 ОТСТО ОД НЕВАКЦИНИРАНИТЕ - вирусот се одржува кај нив, а се создаваат и нови соеви

СРПСКИ ЛЕКАР: СЛЕДНИТЕ 10 ДО 15 ДЕНА МОРА ДА ВАКЦИНИРАМЕ ДО 25 ОТСТО ОД НЕВАКЦИНИРАНИТЕ - вирусот се одржува кај нив, а се создаваат и нови соеви

И натаму има висок број на новозаразени во Србија, односно близу 6.000 во последното деноноќие.

Денес, по повод стратегијата за борба против корона вирусот, проговори и проф. д -р Бранислав Тиодоровиќ за редакцијата на Блиц.рс.

„Во овој момент, стратегијата за излез е многу јасна. Да вакцинираме од 20 до 25 проценти од оние кои не се вакцинирани во рок од 10 до 15 дена. Ако сега имаме 53 проценти вакцинирани, останатите се невакцинирани, а вирусот се одржува таму. Не само што се одржува вирусот, туку има промени и се создаваат нови можности за соеви“, изјавил Тиодоровиќ за „Блиц“.

Инаку, во последните 24 часа, тестирани се 19.452 лица за коронавирус во Србија, од кои 5.983 се позитивни, додека, за жал, 50 лица починаа.

На респиратор има 256 пациенти.

Да потсетиме, вчера, од вкупно 14.950 тестирани, 5.334 од нив беа позитивни, додека за жал 49 лица починаа. Имаше 259 пациенти на апарати за дишење.

По речиси еден месец, седница на Кризниот штаб за борба против корона вирусот се очекува оваа недела, а според најавите на премиерката Ана Брнабиќ, најверојатно ќе се одржи утре. Како што најави премиерката, главна тема на седницата ќе биде вакцинацијата и како да се мотивираат граѓаните да се имунизираат, но и одлуката дали ќе се смени препораката за вакцинација со засилена доза и ќе се намали периодот помеѓу втората и третата доза од шест до пет месеци.

Слично

Поврзани вести