Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРПСКИ ДОКТОР: Има и матични лекари што ги манипулираат луѓето да не се вакцинираат, а нашиот народ традиционлно им верува

СРПСКИ ДОКТОР: Има и матични лекари што ги манипулираат луѓето да не се вакцинираат, а нашиот народ традиционлно им верува

Педијатарот д-р Томислав Стевановиќ од Зрењанин, водач на група од 270 родители што поднесе кривична пријава против Јована Стојковиќ и други антиваксери, за Курир.рс изјави дека е многу опасно кога здравствените работници ја користат својата интелигенции и образование за да убедат луѓето да не се вакцинираат.

„Меѓу антиваксерите има професори по медицина и луѓе кои имаат многу големо влијание врз јавноста и токму нивните изјави дека ‚нема да бидат вакцинирани по цена на животот', доведоа до тоа масата луѓе да веруваат во нив, што ги спречува огромните државни напори за вакцинирање на населението и со тоа да се запре овој вирус, но и други заразни болести, кои беа искоренети со имунизацијата. Нашиот народ традиционално верува во лекари и страшно е што некој завршил медицина и се заколнал да им помага на луѓето и да ги лекува, со својата интелигенција да ги убеди обичните луѓе кои не знаат ништо за вакцините, дека е штетно! Со фактите се манипулира, и сите лекари кои го прават тоа - работат за профит, без разлика дали  директно или индиректно, бидејќи движењето против вакцините секогаш оди со промовирање на некои алтернативни методи на лекување. Државата треба да се потпре на Законот за ширење паника и страв и да спречи такви луѓе да се рекламираат, а медиумите да им даваат простор“, рече Стевановиќ за Курир.рс.

Тој исто така се осврна на прашањето и кривичните одговорности на ваквите лекари.

„Имаме здравствени работници кои одбиваат да бидат вакцинирани, што според мене треба да биде задолжително за нив. Така, една девојка имала хронично заболување на бубрезите и не смеела да прима вакцина против ковид 19. Таа отишла во болница на дијализа, а пред тоа била тестирана и била негативна на корона, како и сите пациенти таму. Сепак, таа се заразила во болницата на дијализа, и по неколку дена почина од корона. Постои големо правно прашање, дали здравствениот работник кој ја зарази треба да одговори кривично?“, изјавил овој лекар. 

Извор Курир.рс

Слично

Поврзани вести